Почетоците на ски центарот “Нижополе” датираат од 1984 година кога беше изграден во склоп на комплексот “Нижополе”, како реализација на дел од првата фаза од студијата “Пелистер-студија за зимско-туристичките можности”, изработена од страна на Проектантското биро “Тиволи” од Љубљана.
Ски центарот е сместен во падините на Баба Планина, лоциран над селото Нижополе на надморска висина од 1.300 m н.в. до 1.610 m н.в. и со градот Битола е поврзан со асфалтен пат со должина од 15 km.
Ски центарот “Нижополе” располага со следниве перформанси:
- Скијачката сезона започнува од почетокот на месец декември и трае до крајот на месец март
- Три ски лифтови со вкупна должина од 2.150 метри и капацитет од 3.000 патници на час.
- Можност за скијање на висина од 1.300 до 1.610 метри надморска височина
- Професионална подготовка на патеките со помош на 3 ратрак машини
- Должина на скијачките патеки под жичниците околу 5.500 м. а должина на ски
- Кафе бар (бачило) долж ски патеките( со работно време секој ден од 08:00 - 16:00 h)
- Ски сезоната може да започне во ноември и да заврши најдоцна до април
- Соработка со ски и сноуборд школа SSNL во која работат врвни ски инструктори
- Патеки за почетници и за напредни скијачи