Посета на Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања на Хидросистемот Стрежево
Ме радува што имав можност да видам едно одговорно менаџирање, пример за тоа како треба да се управува со државна компанија при денешната моја посета на ЈП „Стрежево“ во Битола.
Покрај тоа што веќе претпријатието ја користи водата како обновлив извор на енергија со пет мали хидроцентрали, одлучува да направи дополнителен чекор кон користење и на сонцето како извор на енергија. Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 500 kW, изградена со сопствени финансиски средства, без задолжување.
Повеќе: Посета на Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања на...