Во составот на хидросистемот Стрежево постојат две лаборатории:
- Хемиско - бактериолошка лабораторија,
- Педолошка лабораторија.
Во хемиско - бактериолошката лабораторија на хидросистемот „Стрежево" се врши следење на органолептички, физички, хемиски и бактериолошки показатели на водите од припадното подрачје на хидросистемот: собирниот канал, сливот на река Шемница, акумулацијата Стрежево и излезната вода од акумулацијата, која се испушта во главниот доводен канал.
Педолошката лабораторија служи за извршување на педолошки испитувања т.е. одредување на хигроскопична влага, ретенционен - капиларен капацитет, определување на моментална влага во почвата, а со тоа и норма на залевање, перспективно определување на вкупен азот, достапен азот, достапен фосфор, достапен калиум, пХ, карбонати и хумус.
Хемиско - Бактериолошка лабораторија
Во хемиско - бактериолошката лабораторија на хидросистемот „Стрежево" се врши следење на органолептички, физички, хемиски и бактериолошки показатели на водите од припадното подрачје на хидросистемот: алиментациониот канал, сливот на река Шемница, акумулацијата Стрежево и излезната вода од акумулацијата, која се испушта во главниот доводен канал.
Резултатите од овие испитувања се важни за креирање на соодветни мерки и активности кои ќе придонесат во зачувувањето и подобрувањето на квалитетот на водите, што е и обврска на Хидросистемот.
Педолошката лабораторија
Педолошката лабораторија служи за извршување на педолошки испитувања (одредување на хигроскопична влага, ретенционен - капиларен капацитет, определување на моментална влага во почвата, а со тоа и норма на залевање, перспективно определување на вкупен азот, достапен азот, достапен фосфор, достапен калиум, pХ, карбонати и хумус) со цел третирање на почвата како производно средство, односно фактор од кој што зависат приносите на земјоделските култури.