Посета на Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања на Хидросистемот Стрежево

Ме радува што имав можност да видам едно одговорно менаџирање, пример за тоа како треба да се управува со државна компанија при денешната моја посета на ЈП „Стрежево“ во Битола. 
 
Покрај тоа што веќе претпријатието ја користи водата како обновлив извор на енергија со пет мали хидроцентрали, одлучува да направи дополнителен чекор кон користење и на сонцето како извор на енергија. Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 500 kW, изградена со сопствени финансиски средства, без задолжување.
Повеќе: Посета на Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања на...

Увид во работата на фотоволтаичната централа Стрежево 1

 
„Централата е изградена со сопствени средства во вредност од околу 30.000.000,00 денари, со моќност од 500kW, како нова инвестиција, на локација Брана Стрежево.
Ова е првата изградена фотоволтаична централа со можност на изградба и на втора централа од ваков тип со оглед на фактот што имаме добиено дозвола за градба до 1MW “, истакна директорот Граматковски.
Повеќе: Увид во работата на фотоволтаичната централа Стрежево 1

Раководствата на "Злетовица" и "Лисиче" во работна посета на "Стрежево"

Во работна посета на ЈП “Стрежево” - Битола  беа раководствата на ЈП ХС "Злетовица", и на Јавното претпријатие за водостопанство “Лисиче”-Велес.
Гостите го посетија компјутерскиот центар во Управната зграда на претпријатието, командната зграда на браната, хидротехничките и придружни објекти на браната, хидроцентралите, како и неодамна изградената фотоволтаична централа.

Повеќе: Раководствата на "Злетовица" и "Лисиче" во работна посета на "Стрежево"

Ски центар ,,Стрежево" - најомилено место за сите љубители на зимските спортови

Во изминатите денови Ски центарот ,,Стрежево" беше омилено место за сите оние кои сакаа да уживаат во зимските спортови и чистиот воздух.

Повеќе: Ски центар ,,Стрежево" - најомилено место за сите љубители на зимските спортови

Страница 1 од 42