„Стрежево“ нема да ја зголеми цената на водата наменета за водоснабдување на население за 2021 година

ЈП „Стрежево“ – Битола согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги и ценовникот усвоен од Владата на седмата седница од 29. 09. 2020 година, нема да ја зголеми цената на водата за 2021 година, наменета за водоснабдување на населението.

Повеќе: „Стрежево“ нема да ја зголеми цената на водата наменета за водоснабдување на население за 2021...

Акција за чистење на акумулацијата Стрежево

Светскиот ден на чистењето е  глобална социјална акциска програма која има за цел да се избори со светскиот проблем на справувањето со отпадот.
ЈП "Стрежево" – Битола го одбележа овој ден со акција за чистење на акумулацијата Стрежево, која обезбедува вода за водоснабдување на општините Битола, Новаци и Могила, во сопствена организација, а во соработка со Здружението Go Green - Биди Зелен. 
Повеќе: Акција за чистење на акумулацијата Стрежево

Заменик министерот Јани Макрадули во работна посета на Стрежево

Денес, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, имаше работна посета на ЈП „Стрежево” - Битола.

Во рамките на работната посета оствари средба со директорот на претпријатието Методија Граматковски.

Повеќе: Заменик министерот Јани Макрадули во работна посета на Стрежево

Поставена нова урбана опрема - втор летниковец на Акумулацијата Стрежево

Во близина на селото Лера, од левата страна на главниот пристапен пат до рекреативната зона акумулација Стрежево, ЈП Стрежево" - Битола постави урбана опрема - Летниковец, во непосредна близина на првиот, кој го изградивме минатата година.

Со реализацијата на оваа активност се заокружува едно функционално решение и урбаното уредување и се обезбедува исклучително живописен поглед на акумулација Стрежево и неговата околина. Денес добивме уредено место каде што граѓаните ќе можат да се рекреираат и уживаат во природните убавини" - изјави директорот Методија Граматковски.

Повеќе: Поставена нова урбана опрема - втор летниковец на Акумулацијата Стрежево

Страница 10 од 42