Стрежево ја спаси Пелагонија од поплави
Акумулацијата Стрежево, која ги зафаќа водите од реките Кишавска, Остречка, Граешка, Злокуќанска, Стара Река, Киндерка, река Шемница и река Драгор, ја спаси Пелагонија од поплави, изјави генералниот директор на ЈП Хидросистем Стрежево, Методија Граматковски.
Акумулацијата Стрежево бележи зголемен доток изминатите денови како последица на интензивните врнежи од дожд, но од истоименото јавно претпријатие се подготвени за новоностаната ситуација.