Увид во работата на фотоволтаичната централа Стрежево 1

Раководствата на "Злетовица" и "Лисиче" во работна посета на "Стрежево"

Во работна посета на ЈП “Стрежево” - Битола беа раководствата на ЈП ХС "Злетовица", и на Јавното претпријатие за водостопанство “Лисиче”-Велес.
Гостите го посетија компјутерскиот центар во Управната зграда на претпријатието, командната зграда на браната, хидротехничките и придружни објекти на браната, хидроцентралите, како и неодамна изградената фотоволтаична централа.