Известување за ски центар „НИЖЕ ПОЛЕ“

Скијачкиот центар „Ниже Поле" ги известува сите вљубеници во зимските спортови дека причината поради која ски лифтовите не отпочнаа со работа е малата снежна покривка од 20 см снег.

За непречено функционирање потребна е снежна покривка од најмалку 30 см снег. Заврнатиот снег е натапкан , а ски лифтовите се подготвени по сите технички стандарди, за што е добиена  дозвола за  работа од Министерство за транспорт и врски.

Бачилото е комплетно реновирано и ќе стратува со работа овој викенд.

Повеќе: Известување за ски центар „НИЖЕ ПОЛЕ“

ЈП“Стрежево” за заштита на животната средина

Со цел намалување на загадувањето на животната средина, како и контрола и заштеда на енергијата, ЈП“Стрежево” презема низа активности.

Извршено е редовно чистење, преглед, контрола и испитување на системот за греење, заради намалување на штетните емисии во воздухот од согорувањето. За таа цел, а во насока на препораките од Министерството за животна средина, беше ангажирана компанија која професионално се занимава во таа област.

Повеќе: ЈП“Стрежево” за заштита на животната средина

Порибување во „Стрежево“ со автохтона пастрмка

Согласно годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд од рекреативната зона на акумулација “Стрежево”, како и риболовната основа за истата, вчера 23.12.2015 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за Земјоделство и овластена институција од областа на рибарството – Институт за сточарство при УКИМ – Скопје, беше извршено порибување на акумулацијата “Стрежево”.

Повеќе: Порибување во „Стрежево“ со автохтона пастрмка

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Наплатниот центар на ЈП"Стрежево" - Битола од денес 24.12.2015 година, ќе работи од 7:30 - 16:30 часот.

Завршени активностите за 2015 година

Денес, 16.12.2015 година, со завршувањето на реконструкцијата на делничен цевковод 7Ц33, завршија сите планирани активности за реконструкција на деталната цевководна мрежа, планирани за 2015 година.

На делничниот цевковод 7Ц33 се изврши комплетна промена на PVC цевките со нови полиетиленски цевки во должина од 1252 m. Досега овој цевковод не беше во функција бидејќи често појавуваше дефекти и со ова ќе се наводнуваат нови 70  ha обработлива површина.

Повеќе: Завршени активностите за 2015 година

Страница 30 од 44