Реконструкција на цевковод 4Ц
Завршува првата фаза од реконструкцијата на цевководот 4Ц, кој е планиран за продолжување преку река Црна во атарот на општина Новаци.
Завршува првата фаза од реконструкцијата на цевководот 4Ц, кој е планиран за продолжување преку река Црна во атарот на општина Новаци.
На пресот беа присутни градоначалникот на општина Новаци, г-дин Лазар Котевски, директорот на ЈП Стрежево , г-дин Марјан Ѓероски, претседателот на Здружението на земјоделци, г-дин Тантаров. Ова се дел од изјавите: Градоначалник на општина Новаци г-дин Лазар Котевски: „ Започнавме со долгоочекуваниот проект за нашето население, нашите жители, префрлување на системот за наводнување преку река Црна Стрежево. Ќе го користиме цевководот за водата од акумулационото езеро за РЕК. Ова е прва фаза, Јужен крак, и има 600 ха за наводнувње. Во 2016 год. ќе продолжиме со Северен крак и индивидуалните земјоделци ќе видат голем бенефит од системот бидејќи ќе се наводнуваат скоро 2000 ха обработлива површина.“
ЈП Стрежево работи интензивно и на реконструкција на деталната цевководна мрежа.
Долго очекуваниот проект за жителите на општина Новаци почна да се реализира.
Страница 39 од 54