Денес се изврши порибување на акумулација "Стрежево", во согласност со риболовната основа и Годишниот план за 2015 година, со рибен подмладок набавен од регистрираниот репроцентар "Акватика" - Неготино.
Порибувањето се реализираше со крап, во количина од над 150 килограми, со просечна маса на порибителен материјал од 100-150 грама, односно од 1000-1200 парчиња, со што само во 2015 година акумулацијата е збогатена со над 300 килограми подмладок од крап.
Јавното претпријатие "Стрежево" , како концесионер на риболовната вода "Акумулација Стрежево", најавува ново порибувањe за месец Декември, со што ќе се реализираат во целост превземените обврски и планираните активности во делот на порибувањата за 2015 година.