Со Одлука на Управниот одбор на ЈП"Стрежево" - Битола, се изврши намалување за 10% на задолжението за искористена вода за наводнување за сезоната 2015.
Лошите временски услови кои го оневозможија навременото пролетно и есенско подготвување на обработливите површини, доведоа до извесни потфрлања во земјоделското производство и приноси. Владата на Р.М. изврши обештетување на оштетените земјоделци, а ЈП "Стрежево" сакајќи да им излезе во пресрет го намали за 10% делот од задолжението за искористена вода за 2015 година, а исто така го намали и сталниот воден надомест за околу 8%. Ова намалување нема да влијае врз тековните инвестициони активности на претпријатието.