Во Пелагонија нема опасност од поплави, Стрежевската акумулација подготвена да ги прифати надојдените води

Нема место за страв од поплави по земјоделските површини во Пелагонија и покрај обилните врнежи дожд зашто Стрежевската акумулација е подготвена да ги прифати надојдените водотоеци, соопшти Менде Граматковски, директор на Јавното претпријатие  “Стрежево”.

Повеќе: Во Пелагонија нема опасност од поплави, Стрежевската акумулација подготвена да ги прифати...

После 40 години нивите во Лисолајско поле ќе се наводнуваат

После 40 години Јавното претпријатие Стрежево денес за прв пат ќе започне со испорака на технолошка вода за наводнување на земјоделски површини во с.Лисолај. На земјоделските површини е инсталирано полиетиленско црево (Ø225) со должина од 880м во ров со пропратна хидромеханичка опрема. Инвестицијата е од сопствени извори на претпријатието во висина од околу 2 000 000 денари.

Повеќе: После 40 години нивите во Лисолајско поле ќе се наводнуваат

САНАЦИЈА НА ГЛАВНИОТ ПРИСТАПЕН ПАТ ДО РЕКРЕАТИВНАТА ЗОНА АКУМУЛАЦИЈА СТРЕЖЕВО

ЈП “Стрежево“ - Битола изминатите денови изврши рехабилитација и санација на главниот пристапен пат од информативната табла на спојот со локалниот пат Лера - Доленци до почетокот на рекреативната зона Акумулација Стрежево преку поставување на тампон, со кој првенствено се санираа ударните дупки.

Повеќе: САНАЦИЈА НА ГЛАВНИОТ ПРИСТАПЕН ПАТ ДО РЕКРЕАТИВНАТА ЗОНА АКУМУЛАЦИЈА СТРЕЖЕВО

Страница 17 од 43