Интервју на Менде Граматковски директор на ЈП “Стрежево” – Битола за Зелена Берза
„Целта ни е испорака на вода до секоја земјоделска површина во Пелагонискиот регион“
Менде Граматковски првиот човек на ЈП „Стрежево“-Битола во интервју за „Зелена берза“ уверува дека нема простор за загриженост кај земјоделците за снабдување со вода ова лето, бидејќи моментално акомулацијата располага со околу 95 милиони м3 вода што е повеќе од доволно за обезбедување на потребните количини на вода за дел од Битолското Поле во Пелагонија.