Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

САНАЦИЈА НА ГЛАВНИОТ ПРИСТАПЕН ПАТ ДО РЕКРЕАТИВНАТА ЗОНА АКУМУЛАЦИЈА СТРЕЖЕВО

ЈП “Стрежево“ - Битола изминатите денови изврши рехабилитација и санација на главниот пристапен пат од информативната табла на спојот со локалниот пат Лера - Доленци до почетокот на рекреативната зона Акумулација Стрежево преку поставување на тампон, со кој првенствено се санираа ударните дупки.

Поставени се цевки Ф - 500мм на повеќе локации со цел заштита од водите и отстранување на последиците од штетното дејство на водите односно одведување на евентуално надојдени води од дождовите и суводолиците на соодветни локации. 
Пристапниот пат води и до летниковецот кој беше во четвртокот пуштен во употреба.
Со реализација на овој зафат ќе се зголеми безбедноста за движење на граѓаните на овој пристапен пат што е од исклучително значење за месното население, рекреативците, риболовците, спортистите, екологистите и вработените од претпријатието.
ЈП "Стрежево" - Битола им се заблагодарува на граѓаните за разбирањето за време на интервенцијата врз патот.

02. 27.04.2019