Битолскиот муфтија во работна посета на Јавното претпријатие “Стрежево”
Битолскиот муфтија, Амит Расими денес имаше работна посета на ЈП “Стрежево” - Битола. Во рамките на посетата, оствари средба со директорот на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната соработката и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработката меѓу Исламската верска заедница од Битола и Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола.