ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВОДОКОРИСНИЦИTE

Се известуваат сите водокорисници дека согласно одлуката на Управниот одбор на ЈП “Стрежево”- Битола бр. 02-287/6 од 17.05.2019 година:

 

  1. Договорите за користење на вода со корисници на вода за наводнување да се склучат од 20.05.2019 до 15.06.2019 година.
  2. Корисници на вода за наводнување кои нема да го испочитуваат рокот наведен во чл.1 ќе го плаќаат годишниот надоместок за искористена вода зголемен за 1.000,00 денари-казна.
  3. Сите корисници на вода за наводнување од ХС “Стрежево” кои нема да ги пријават површините и земјоделските култури и нема да склучат договор за наводнување, а самоволно ќе пуштат вода за наводнување, за така наводнатите површини, односно култури, ќе плаќаат за 100% зголемена цена од постоечката.

Страница 6 од 7