НА 8 ЈУНИ ЗАПОЧНУВА СЕЗОНАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ
На 8 јуни официјално започнува сезоната за наводнување на земјоделските површини.
Во тек е полнењето на цевководната мрежа и подготовката на системот за непречено и навремено снабдување со вода.
Ги повикуваме граѓаните кои имаат потреба од наводнување навремено да ги пријават површините што ќе ги користат и да склучат договори за наводнување, со цел ефикасно планирање и организирање на распределбата на водата.
Навременото пријавување и склучување на договорите ќе придонесат за подобра координација на системот и поквалитетна услуга за сите корисници.
Ви посакуваме успешна, плодна и родна земјоделска сезона.
