ЈП “Стрежево” продолжува со активностите за рехабилитација и реконструкција на деталната цевководна мрежа.
На 05.10.2015 година започна рехабилитацијата на дел од главниот цевковод 8Ц, кој поминува во атарот на село Егри. На овој дел од цевководот, кој опфаќа површина за наводнување од 2000 ha, се јавуваат проблеми во функционирањето бидејќи е дотраен и оштетен. Целта на рехабилитација во овој дел е да не се прават штети и поплавувања на околните парцели, како и да се обезбеди континуитет во наводнувањето, без прекини, кои се јавуваа во минатото заради честите дефекти. Според проектот, на главниот цевковод 8Ц, за разлика од останатите цевководи, се реконструира потегот од 620 m со замена на постоечките челични цевки со дуктил цевки (нодуларен лив), со дијаметар Ø 600 mm. Претходните денови се одвиваа активности за чистење на вегетацијата и означување на трасата, додека во текот на денешниот ден се започна со ископ.