Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Известување

ЈП" Стрежево"–Битола Ве известува дека на барање на Сојузот на земјоделци на Македонија, заради актуелната состојба на закаснети насади и посеви, рокот за склучување на договори за наводнување со водокорисниците е пролонгиран, со Одлука бр.02-355/14 од 22.05.2015 година.

Пријавување на површините коишто ќе се наводнуваат е заклучно со 12.06.2015 година.

Потребни документи за пријавување:

-       Лична карта за идентификација

-       Имотен лист за ажурирање на податоците (доколку има промена)

За наводнување без договор и неконтролирано пуштање на вода од хидрантите, ЈП"Стрежево"–Битола ќе превземе мерки согласно позитивните законски акти и сторителите ќе бидат најстрого санкционирани.