ЈП" Стрежево"–Битола Ве известува дека на барање на Сојузот на земјоделци на Македонија, заради актуелната состојба на закаснети насади и посеви, рокот за склучување на договори за наводнување со водокорисниците е пролонгиран, со Одлука бр.02-355/14 од 22.05.2015 година.
Пријавување на површините коишто ќе се наводнуваат е заклучно со 12.06.2015 година.
Потребни документи за пријавување:
- Лична карта за идентификација
- Имотен лист за ажурирање на податоците (доколку има промена)
За наводнување без договор и неконтролирано пуштање на вода од хидрантите, ЈП"Стрежево"–Битола ќе превземе мерки согласно позитивните законски акти и сторителите ќе бидат најстрого санкционирани.