Се известуваат сите индидвидуални водокорисници дека ЈП " Стрежево" – Битола започна со склучување на договори за наводнување од Хидросистемот.
Рокот за пријавување на површините коишто ќе се наводнуваат е заклучно со 22.05.2015 година.
Потребни документи за пријавување:
- Лична карта за идентификација
- Имотен лист за ажурирање на податоците (доколку има промена)
За наводнување без договор и неконтролирано пуштање на вода од хидрантите, ЈП "Стрежево" – Битола ќе превземе мерки согласно позитивните законски акти и сторителите ќе бидат најстрого санкционирани.
Цената на годишниот надоместок за вода изнесува 419,83 ден/ха и е за 7,26 % пониска во однос на минатогодишната цена, согласно дополнителните анализи и позитивни политики на претпријатието кон водокорисниците.