Во контекст на новите услови од проектот на Владата на Р.Македонија за изградба на четиристотини мали хидроелектрани, во тек се активности за изработка на физибилити студија за изведливост на хидроелектраната "Лера".
Принципот на изградба се предвидува според концептот на јавно-приватно партнерство според кој ЈП "Стрежево" ќе се вклучи преку поддршка во фазата на обезбедување на подлоги за изработка на основниот проект, додека приватниот концесионер има обврска да ја изгради, да ја користи во рамките на утврдениот концесиски период и потоа да ја предаде на управување на ЈП "Стрежево". Во текот на експлоатацијата на ХЕ, концесионерот ќе плаќа соодветен надомест од оствареното производство на јавното претпријатие, што ќе биде единствен критериум за избор на најповолен концесионер.