Како последица на поројните врнежи кои ја зафатија Пелагонија се појавија повеќе свлечишта по трасата на Главниот доводен канал.
Новопојавеното свлечиште во зоната на зафатната градба Г0 на главниот доводен канал за РЕК Битола, се манифестира со пукнатини и локални слегнувања на теренот што доведе до појава на пукнатини во армиранобетонската конструкција.
Веднаш по оштетувањето на цевководот и прекинот на снабдувањето со сирова вода, активиран е алтернативниот цевковод со цел да се продолжи со непречено испорачување вода за потребите на РЕК Битола и другите локални индустриски капацитети.
Во консултација со надлежна институција (Градежниот факултет при УКИМ-Скопје) која треба да даде насоки за преземање на сите неопходните активности со цел итна санација и решавање на новонастаната ситуација, веќе се преземени мерки за заштита и решавање на овој проблем, меѓу кои се: времено стопирање на испораката на вода, локално растоварување на свлечиштето, одведување на површинските води надвор од зоната на свлечиштето и заполнување (пломбирање) со глина на челните и страничните пукнатини во земјиштето.