Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Увид во работата на фотоволтаичната централа Стрежево 1

 
„Централата е изградена со сопствени средства во вредност од околу 30.000.000,00 денари, со моќност од 500kW, како нова инвестиција, на локација Брана Стрежево.
Ова е првата изградена фотоволтаична централа со можност на изградба и на втора централа од ваков тип со оглед на фактот што имаме добиено дозвола за градба до 1MW “, истакна директорот Граматковски.
Основните технички карактеристики на ФЕЦ се следните: 
1248 монокристални фотонапонски панели, 
6 инвертори со моќност од 440 kW, 
Енергетски трансформатор 630 kVA, 
Преносно ниво 35/0,4 kV и 
Годишно производство околу 700 000kWh.
 
 
Со оваа инвестиција започнуваме и процес на искористување на сончевата енергија како обновлив извор за добивање на електрична енергија. 
„Овој ден е еден од оние каде нема да бидам скромен и ќе кажам дека сум горд на себе од постигнатото, но истовремено сум горд и премногу благодарен на мојот тим во реализирањето на оваа исклучително висока цел.
Во името на Стрежево, изразувам голема благодарност на сите поединци и институции кои се вложија преку поддршка и ставање на своите стручни капацитети на распологање во сите фази на реализацијата на овој проект, а тука особено сакам да им се заблагодарам на Министерството за економија, Агенцијата за енергетика, професор д-р Љупчо Трпезановски, Министерството за транспорт и врски, Управниот и Надзорниот одбор на Стрежево, како и на Општина Битола “, рече Граматковски.
 
 
„Фотоволтаичната централа беше идеја и на претходните раководства, но добри идеи се само оние идеи кои ќе се реализираат, но не и оние кои ќе останат на лист хартија нереализирани.
Успешното инвестирање во најдобри инвестициони проекти донесува до успешно работење и напредок на самото претпријатие“, додаде Граматковски.
 
 
Инвестиционата одлука за овој проект е добро осмислен чекор, реален и рационален, еколошки одобрен со обликувана јасна визија како приоритетен проект со сопствена развојна компонента.
 
 
Овој проект има позитивен инпут врз работењето на претпријатието, економскиот ефект на инвестицијата е крајно оправдан со видлив резултат и предвидливи критериуми кои укажуваат на фактот - очекуваните ефекти ќе ги надминат вложените средства во инвестицискиот проект.
 
 
Стрежево останува препознатлив бренд со традиција и синоним за квалитет, препознатливост и успешност во работењето. 
 
 
„Продолжуваме да вложуваме во тековни и капитални инвестиции, а низ грижливо и одговорно работење преку посветеност ќе се носиме со предизвиците со кои се соочуваме“, заклучи Граматковски.