Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Стрежево ја изгради првата сопствена фотоволтаична централа

Хидросистемот Стрежево е првото Јавно претпријатие во државата кое со сопствени средства во вредност од околу 30.000.000,00 денари изгради своја фотонапонска електроцентрала на земја со моќност од 500kW, како нова инвестиција, на локација Брана Стрежево.
Технички карактеристики на ФЕЦ:
• 1248 монокристални фотонапонски панели,
• 6 инвертори со моќност од 440 kW,
• Енергетски трансформатор 630 kVA,
• Преносно ниво 35/0,4 kV и
• Годишно производство околу 700 000kWh.
Приклучокот на фотонапонската централа на Македонскиот енергетски систем ќе биде на сопствена трафостаница и на сопствен 35 kV - ен далековод.
Досега стопанисувавме со пет мали хидроцентрали (седум агрегати) и расположливите водни ресурси ги користиме рационално, ефикасно и повеќенаменски (за наводнување и производство на електрична енергија).
 
Со оваа инвестиција започнуваме и процес на искористување на сончевата енергија како обновлив извор за добивање на електрична енергија. Ова е првата изградена фотоволтаична централа со можност на изградба и на втора централа од ваков тип со оглед на фактот што имаме добиено дозвола за градба до 1MW.
За нас како претпријатие оваа инвестиција е од големо значење бидејќи ги зголемуваме приходите на претпријатието, а за државата е инвестиција во добивање на "чиста" енергија.
Произведената електрична енергија ќе ја продаваме на слободниот пазар преку јавна продажба.
Очекуваме оваа инвестиција да биде краткорочно исплатлива инвестиција и средствата за краток период бидат повратени во претпријатието.
Во специфични времиња, кога речиси секоја година беше одбележана со кризен предзнак, во време на големи предизвици и неизвесности, Стрежево го издржа силниот финансиски удар, не потклекна на притисокот и благодарение на домаќинското работење успеа да го затвори наметнатиот проблем од 2015 година во врска со тужбата на ЗК Пелагонија. 
Денес не му должиме ниту денар на комбинатот, го исплативме по основ на судска пресуда главниот долг, трошоците на постапката и каматата во целост, исклучиво од сопствени извори на финансирање. Сега предметот е пред Врховен суд на конечно одлучување.
Покрај сите премрежја низ кои поминуваше Стрежево изминатиот период продолживме да ги подобруваме условите за корисниците на вода, да вложуваме во човечкиот и во инфраструктурниот потенцијал со кој располагаме. 
Оваа година веќе двапати се покачуваат платите на вработените во Стрежево, на почетокот од годината и со септемвриската плата за дополнителни 10 проценти, а исплатен е и регрес за годишен одмор.
Покачувањето е значајно, поставуваме нови стандарди за грижа на вработените, а јас од преземањето на функцијата силно се залагам за достоинствен приход.
Двете покачувања се резултат, меѓу другото, и на оваа заложба.
 
Стрежево е високо ликвидно претпријатие со стабилна финансиска состојба, редовно се исплаќа плата, придонеси од плата и обврските кон државата, вложува во тековни и капитални инвестиции, и во овој период претпријатието не користело кредити.
Во периодот што следи преку грижливо и домаќинско работење, ќе ги зголемиме приходите од дејностите, а дополнително ќе ги намалиме непродуктивните трошоци.
Стрежево останува бренд и успешна приказна, а низ посветена и напорна работа ќе се носиме со сите предизвици и специфики на современите текови.