Од први јуни ја започнавме сезоната за наводнување на 20.200 хектари земјоделска површина во Пелагонија, а на залиха имаме доволно репроматеријали.
По Главниот канал испорачуваме околу 6 m3 вода, а со потребната динамика се полнат главните и делничните цевководи.
Моменталната зафатнина на акумулацијата Стрежево изнесува околу 100 милиони m3 вода, имаме одличен водостој на акумулацијата што гарантира навремено и квалитетно водоснабдување на земјоделските површини во Пелагонија, водоснабдување на населението преку ЈКП Водовод на општините Битола, Могила и Новаци, како и покривање на потребите за водоснабдување на РЕК Битола, ЗК Пелагонија и локалните индустриски капацитети.
Претпријатието во изминатиот период (2018 - 2023) во цевководната мрежа и Главниот канал вложи околу 97 милиони денари во цевки и хидромеханичка опрема односно околу 10.500 метри цевки од различен профил.
Во изминатата година имавме најголеми приходи од основањето на претпријатието, а расходите ги намаливме на минимум.
Кога ќе ги ставиме на хартија реални приходи и расходи 2022 година ја завршивме со биланс на успех од околу 28 милиони денари во позитива.
Стрежево е високо ликвидно претпријатие и од сопствени извори вложува во капитални инвестиции.