Широк Сокак на Нижеполе
Нескротлива енергија, вистинска синестезија на Нижеполе. Многубројните посетители имаа можност да уживаат во чистиот воздух, пријатното сонце, снежните авантури и несекојдневното музичко искуство со бендот ,Ние (запирка) Другарите".
Бендот храбро одговори на предизвикот, настапија од душа и срце пред многубројниот аудиториум, наметнаа една исклучителна звучна естетика и одлично се вклопија во целокупната перцепција и шареколикост денес на Нижополе.
На наше задоволство видовме многу лица кои имаа незаборавни моменти, среќни луѓе, искрени насмевки и многу забава за сите генерации.
Позитивните искуства и различните доживувања кои ги нуди Ски-центарот Нижеполе не мотивираат да продолжиме со напорна работа во реализацијата на патот кој што веќе го трасиравме.
Ја користиме можноста да им се заблагодариме на сите граѓани на масовното присуство, како и на одличната соработка со нашиот деловен партнер “Цермат” Битола.
Целосната фотогалерија на следниот линк