По обилните врнежи од дожд и високата температура што придонесе за нагло топење на снегот од Баба Планина, за само неколку часа огромни количини на вода се слеаја во водотеците од сливното подрачје на хидросистемот Стрежево, а особено во реката Драгор.
Вработените од Стрежево воведуваат 24 часовно дежурство и перманентно следење на состојбата.
Се преземаат сите натамошни неопходни мерки за делување во вакви вонредни услови.