Светскиот ден на чистењето е глобална социјална акциска програма која има за цел да се избори со светскиот проблем на справувањето со отпадот.
ЈП "Стрежево" – Битола го одбележа овој ден со акција за чистење на акумулацијата Стрежево, која обезбедува вода за водоснабдување на општините Битола, Новаци и Могила, во сопствена организација, а во соработка со Здружението Go Green - Биди Зелен.
Дадовме свој придонес на најпозитивното граѓанско движење во светот, во борба против најзагрижувачкиот проблем во животната средина - справувањето со отпадот.
Заклучокот е заеднички, сите да се вложиме максимално и да се вклучиме во зајакнувањето на граѓанската совест, како и пријавување на загадувачите на животната средина.
Апелираме до граѓаните, поединците, институциите дека мора да се почитува животната околина како и сите заедно да развиеме механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро и полесно да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад - изјави Методија Граматковски, директор на претпријатието.
Вработените во претпријатието денес беа само дел од огромниот број на волонтери и активисти во светски рамки, кои се здружија да исчистат милиони тони ѓубре, на сите континенти.