Директорот на ЈП “Стрежево” - Битола, Методија Граматковски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, придружуван од претставници на ресорното министерство, се сретнаа со земјоделци од селата Логоварди и Бистрица и ја посетија живинарската фарма “Бели Мост”, лоцирана во битолското село Лисолај.
“Живинарската фарма Бели Мост е современ бизнис за производство на јајца и одгледување на пилиња.
Лоцирана е на 100 хектари плодно земјиште во битолскиот дел на Пелагонија, односно во селото Лисолај каде што потребите за вода ги задоволува преку хидросистемот Стрежево“, изјави директорот Методија Граматковски.
Денешната посета на директорот Граматковски со министерот Димковски се однесува, пред се, на согледување на атрактивноста и перспективата на овој тип производство кое им нуди голема можност на земјоделците, а водата е основа за ефикасно и продуктивно земјоделско, во случајот живинарско производство.
“Оваа можност ја користам за промовирање на мерки за зголемување на информираноста кај населението за важноста, методите и значењето на рационалното користење на водата во земјоделското производство во екот на сезоната за наводнување“, додаде Граматковски.