По повод Светскиот ден на водите, недела, 24.03.2019 година, се спроведе организирана акција за чистење на крајбрежниот појас на акумулацијата Стрежево во близина на селото Лера.
Во акцијата учествуваа директорот на јавното претпријатие Стрежево - Битола, Методија Граматковски, претседателот на управниот одбор, Добри Петровски, членови на управниот и надзорниот одбор на претпријатието, раководители и вработени, граѓански активисти, членови на ЗРРЕСК Црна Река - 1929 од Битола и љубители на чистата животна средина.
Денешната акција беше во насока на намалување на негативното влијание врз животната средина, заштита, зачувување и постојано подобрување на расположливиот воден ресурс и одржливо управување со водите, подобрување на состојбата на крајбрежното земјиште, заштита и унапредувањето на водната средина со единствена цел - акумулација “Стрежево” по максимално дозволените концентрации на показателите за квалитет на вода да остане вода од висока класа.
Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци во околината (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат значаен ефект кон расчистување на овој дел од отпадоци, но сепак пред се човечкиот фактор е пресуден за надминување на овој глобален проблем поради што апелираме одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена.