Почитувани граѓани
ЈП “Стрежево” - Битола Ве известува дека поради тенденцијата на значителен пораст на дневните температури кое ќе услови значително топење на снежната покривка, со скијање (ноќно) ќе продожиме од четврток (07.03.2019 година), во редовниот термин од 19 до 22 часот.
Во овие денови ќе се потрудиме да извршиме техничка санација на скијалиштето со цел безбедно скијање и подобри услови, а пред се да ја завршиме оваа успешна и долга сезона максимално подготвени, на задоволство на сите искрени љубители на планината и зимските спортови.
Доколку нема драстични метеоролошки измени, скијањето ќе продолжни со дневно и ноќно скијање во престојниот викенд.