Со цел изнаоѓање на најсоодветно техничко решение за реконструкција на системот за динамичка регулација, ЈП "Стрежево" воспостави техничка соработка со "Искра"-Словенија.
Деновиве во посета на ЈП "Стрежево" е делегација од "Искра", со цел разгледување на постојниот систем, и ова е втора средба помеѓу стручните тимови на двете фирми. Имено, кон крајот на месец септември, тим од "Стрежево" беше во посета на Словенија, со цел разгледување на функционални системи за динамичка регулација.
Техничкото решение ќе се изработи до крајот на 2016 година, а неговата реализација ќе започне од наредната година. Вредноста на инвестицијата се планира да биде во износ од еден милион евра.