Во рамките на активностите на ЈП “Стрежево”, во тек е реконструкција на постоечките рибни базени за одгледување на стрежевска пастрмка.
Оваа реконструкција се состои од замена на постоечката хидромеханичка опрема и тоа: замена на табласти затворачи на влезовите на базените и клапни на испустите за вода на сите 22 базени, како и замена на дрвени прегради и перфорирани прохромски решетки.
Производството на стрежевска пастрмка, како и нејзината продажба оваа година бележи рекорден пораст. Целта на оваа реконструкција е зголемување на производството на риба и намалување на загубите на вода во рибникот.