Во текот на месец мај беа извршени сервисни и ремонтни активности на првата турбина од ХЕЦ Стрежево. Со овие завршни сервисни и ремонтни активности се ставија во функција сите електро-енергетски објекти на ЈП “Стрежево”.
Сервисот ги опфати следните активности:
- Обработка на генераторска осовина со помагала кои беа целосно изработени во работилницата на ЈП ”Стрежево” со металорезачки машини.
- Поставување на ново турбинско лежиште и негово прилагодување односно влежиштување во неговото куќиште.
- Комплетно центрирање на целата линија на турбината.
- Редовни сервисни активности на целиот агрегат: промена на масло во лежиштата, проверка и подесување на зазорите, проверка на центричност, како и мерење на вибрации и температури на лежиштата после неговото пуштање во работа.
- Комплетно чистење на системите за подмачкување и ладење.
Сите сервисни активности беа целосно извршени од страна на вработените на ЈП Стрежево, односно стручниот тим одговорен за одржување на хидромеханичката опрема и хидроцентрали, и работилницата со металорезачки машини.