Во тек се активности за обновување на диспечерските објекти на зафатите на Главниот доводен канал.
Во оваа фаза ќе се изврши комплетна замена на покривката на 4 диспечерски објекти. Објектите се наменети за опремата за регулација на водата. Регулацијата се извршува од главниот диспечерски центар сместен во управната зграда на ЈП Стрежево.