Започна реализацијата на Проектот за реконструкција на делничен цевковод 3Ц–18 во должина од 312 m. Реконструкцијата се врши со полиетиленски цевки ПЕ ∅200.
Со овој цевковод ќе се наводнуваат земјоделски култури на нови површини од 27 ha.
Во 2016 година се планираат слични реконструкции на десетина делнични цевководи, со што ќе се добие можност за наводнување на околу 1000 ha нови земјоделски површини.