Во рамките на активностите за обезбедување на максимална пропусна моќ на “by-pass” решението со кое се изврши премостување на појавеното свлечиштекај с. Драгарино, во моментот се изведуваат активности за надвишување на поставеното метално корито.
Решението е одобрено од страна на Градежен факултет Скопје. Надвишувањето се одвива без да се прекине водоснабдувањето. Во рамките на овие активности хидраулички ќе се обработат влезот и излезот на “by-pass” решението. Паралелно со овие активности, РЕК Битола презема активности за санирање на самото свлечиште и објектот Г0.