Согласно плановите за ревитализација на малите хидроелектрични централи, ЈП “Стрежево” во моментов врши ревитализација на електронската и компјутерска опрема за автоматско управување на ХЕЦ “Довлеџик”, со што ќе се постигне поголема робусност во смисла намалување на испади во работењето, кои во претходниот период се должеа на на нагли исклучувања од електродистрибутивната мрежа, атмосферски празнења и удари од громови.
Конкретно, се вградува пососвремен софтвер за управување со ХЕЦ “Довлеџик”, со кој ќе се овозможи поефикасно управување на електрохидрауличните вентили, како и побрзо добивање на податоци за брзината на вртење на хидроагрегатот.