Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Одржан прес по повод започнувањето со градба на новиот систем за наводнување – 19.11.2015 год.

Gradba Novaci

На пресот беа присутни градоначалникот на општина Новаци, г-дин Лазар Котевски, директорот на ЈП Стрежево , г-дин Марјан Ѓероски, претседателот на Здружението на земјоделци, г-дин Тантаров. Ова се дел од изјавите: Градоначалник на општина Новаци г-дин Лазар Котевски: „ Започнавме со долгоочекуваниот проект за нашето население, нашите жители, префрлување на системот за наводнување преку река Црна Стрежево. Ќе го користиме цевководот за водата од акумулационото езеро за РЕК. Ова е прва фаза, Јужен крак, и има 600 ха за наводнувње. Во 2016 год. ќе продолжиме со Северен крак и индивидуалните земјоделци ќе видат голем бенефит од системот бидејќи ќе се наводнуваат скоро 2000 ха обработлива површина.“

 

Директор на ЈП Стрежево г-дин Марјан Ѓероски : „За реализација на овој систем, за кој што се чека веќе три децении, Јавното претпријатие Стрежево е вклучено во три фази, и тоа : проектирање, изведба и одржување на системот. Првата фаза опфаќа реализација на системот за наводнување, кој што ќе се водоснабдува од Суводолското езеро , односно езерото на РЕК Битола и во оваа фаза која ќе се гради оваа и наредната година ќе бидат опфатени околу 600 – 700 ха. Втората фаза ќе опфати дополнителни 1200 – 1300 ха, а тоа е префрлање на цевоводите од системот Стрежево од другата страна на Река Црна. Според динамиката се планира до 2018 година да се изгради целиот систем. Претседател на Здружение на земјоделци г-динТантаров :„ Сонот на земојделците од ова подрачје преку Црна, во источниот дел на Пелагонија, денес станува стварност. Ние 30 години чекавме една ваква инвестиција. Новаци заедно со околните села испорачува околу 1000 вагони шеќерна репа, а со овој систем ќе биде 3 пати повеќе. Освен шеќерна репа со помош на овој систем ќе бидеме во можност континуирано да произведуваме пченка.“