Главниот цевковод 4Ц е наменет за водоснабдување на земјоделски површини кои се протегаат од атарот на селата Раштани, Горно Оризари и Крклино на запад, па се до атарот на селата Карамани и Трн на исток, со граница кај река Црна.
Во функционирањето на овој цевковод се јавуваат проблеми уште од времето кога е изведен. Дефекти се јавуваат по цела должина при што доаѓа до поплавување на местата на дефектот и нема пристапност. Санацијата на дефектите е проследена и со плаќање на високи оштети на поплавените парцели.
Значајноста на овој главен цевковод во иднина станува поголем бидејќи е предвиден како еден од цевководите со кои ќе се снабдува ХС”Новаци”, па заради зголемување на сигурноста и потребата од поголем проток и притисок, ја налага потребата од фазна замена на делови од цевководот со нови профили.
Замената на материјалот на цевките на оваа делница во должина од 504 m се предвидува да се изведе со замена на GRP цевки DN800 и GRP DN700 со цевки од нодуларен лив (дуктилно железо) DN800 mm со должина од по 7 m.
На 05.10.2015 година се отпочна со активности за расчистување на теренот од вегетацијата и означување на трасата. Моментално тековно се врши ископ, демонтажа на постоечките и монтажа на новите цевки.Вкупната вредност на проектот ќе изнесува околу 20.000.000 денари.