Уловени мрежи во акумулацијата "Стрежево"
На 26-ти овој месец околу 19 часот , во м. в. залив Стрежево, на оддалеченост од околу 10 метри од брегот на езерото пронајдени се три рибарски мрежи со вкупна должина од 60 метри со димензии на окца
На 26-ти овој месец околу 19 часот , во м. в. залив Стрежево, на оддалеченост од околу 10 метри од брегот на езерото пронајдени се три рибарски мрежи со вкупна должина од 60 метри со димензии на окца
ЈП “Стрежево” продолжува со проектот за ревитализација и реконструкција на деталната цевководна мрежа.
На 05.04.2017 година продолжи ревитализацијата на дел од главниот цевковод G3 односно 6Ц, кој поминува помеѓу селата Оптичари и Логоварди.
Од повеќе аспекти ова беше една од најтешките , но истовремено и најуспешните години во работењето на ЈП „ Стрежево“.
Во водостопанската дејност - сезоната за наводнување започна рано со ставање во функција на цевководите за наводнување уште во април/мај за поникнување и расадување на културите. Максималната кота на езерото беше 733,76 или 103.834.000 м 3 вода. Пријавени за наводнување рекордни, повеќе од 7.000 ха. По завршувањето на сезоната за наводнување котата на езерото беше 724,21 (70.250.000 м3 вода) што алудира на тоа дека водата порационално се трошела во однос на годините пред оваа и покрај фактот што имаше зглемување на површините за наводнување.
Процентот на наплата е највисок во Р. Македонија и изнесува над 98% за 2014 год., над 90% за 2015 год., без ниту една применета мерка за присилна наплата.
Изработени се проекти за сите свлечишта на Главниот канал, а се работеа и проекти за:
- Алтернативен цевковод од брана “Стрежево“
- Проект за проширување на системот Стрежево „Новаци II“
- Проект за проширување на системот Стрежево „Могила“
Производството на електрична енергија е реализирано во рамките на планираното, при што работеа сите хидроцентрали. Произведени се вкупно 7.122.119 kwh електрична енергија.
Најголем дел од реконструкцијата и поправките на централите и агрегатите се извршени од стручни екипи од вработените во претпријатието.
Производството и продажбата на риба бележи апсолутни рекорди од постоењето на рибникот и тоа:
- произведени се над 85 тони риба со конверзија 1,24
- продадени се 77 тони риба
Извршена е реконструкција и реновирање на објектиte на ски терените над с.Ниже Поле со помош на Центарот за Развој на Пелагониски Плански Регион и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој, легализација и проценка на објектите во ЗЛТЦ во Ниже Поле и Спортско-рекреативен Центар Довлеџик, реконструкција на фонтаната пред управната зграда на ЈП “Стрежево” и уште многу други проекти и активности во 2016 година.
Ги известуваме сите заинтересирани граѓани дека ЈП Стрежево Битола ќе отпочне со издавање на сите видови на дозволи за вршење на риболов на акумулацијата Стрежево од 01.02.2017 година.
Поради препораките од надлежните органи заради временските неприлики и екстремно ниските температури, особено во вечерните часови, во ски центарот Ниже Поле при ЈП “Стрежево”, не се одвиваше ноќното скијање .
Страница 22 од 43