AКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Вработените во јавното претпријатие Стрежево - Битола, членовите на управниот и надзорниот одбор масовно се приклучија на акцијата организирана од страна на Владата кон граѓанската иницијатива  „Не биди ѓубре“, под мотото „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“.

Повеќе: AКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Со пошумување на свлечиште, хидросистемот Стрежево прославува 41-на година од основањето

Денес прославуваме 41-на година од основањето на хидросистемот Стрежево (1978). Ако минатата година основањето на претпријатието го прославивме со свечена академија оваа година се одлучивме роденденот на фирмата да го одбележиме и прославиме со пошумување на ридовите на свлечиштето настанато во 2015 година на нашиот Главен канал за испорака на сирова вода.

Повеќе: Со пошумување на свлечиште, хидросистемот Стрежево прославува 41-на година од основањето

Битолскиот муфтија во работна посета на Јавното претпријатие “Стрежево”

Битолскиот муфтија, Амит Расими денес имаше работна посета на ЈП “Стрежево” - Битола. Во рамките на посетата, оствари средба со директорот на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната соработката и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработката меѓу Исламската верска заедница од Битола и Јавното претпријатие “Стрежево” - Битола.

Повеќе: Битолскиот муфтија во работна посета на Јавното претпријатие “Стрежево”

Водата од Стрежевската акумулација и на температури од 40 степени ова лето стигнува до сите водокорисници

И покрај сушата што ги зафати Битола и Пелагонија Јавното претпријатие „Стрежево“-Битола  во целост ги исполни своите обврски за снабдување на своите корисници со вода и количина која им беше потребна. Во овој момент се испорачува вода за Јавното комунално претпријатие „Водовод“ за снабдување со вода за пиење на граѓаните од општина Битола, општина Новаци и општина Могила. Вода испорачуваме и за најголемиот енергетски комбинат во државата РЕК Битола, и секако водата се испорачува и до последната насадена нива опфатена со хидросистемот во Пелагонија.

Повеќе: Водата од Стрежевската акумулација и на температури од 40 степени ова лето стигнува до сите...

Страница 18 од 54