Паралелно со активностите околу наводнувањето, ЈП “Стрежево“ интензивно работи на проектирањето, но и на изведбата на проектите за стабилизирање на свлечиштата на Главниот и Алиментациониот канал.
До крајот на годината комплетно ќе се стабилизира свлечиштето над Драгожани, а се работи и на технички решенија за уште седум свлечишта, за кои до крајот на оваа година ќе се изработи комплетна техничка документација. Како што ќе завршуваат проектите, веднаш ќе се пристапува кон реализација на истите.