На 14.08.2015 година воочен е дефект на главниот цевковод G3(6C) кој поминува низ земјоделските површини од катастарските општини Буково, Крстоар, Кравари, Поешево и Оптичари.
Со брза интервенција извршена е санација и на 17.08.2015 година, по замената на тесал цевка со пречник Ф924 mm, започнато е полнење на цевководот. Веднаш после полнењето, делничните цевководи ќе бидат ставени под притисок.