Хидросистемот Стрежево е во експлоатација повеќе од 30 години. Водата се дистрибуира до корисниците преку главниот доводен канал од кој водат магистрални цевоводи и детална мрежа до површините за наводнување.
На системот се изградени пет мали хидроелектрани (МХЕ), од кои две на собирниот канал и три прибрански. Во досегашната експлоатација изграден е систем за динамичка регулација на водата во главниот доводен канал, додека петте МХЕ се управуваат диспечерски од персоналот со задавање на работниот проток (или снага) и поединечно уклучување на агрегатите.
Овој проект за модернизација на системот има за цел ревитализација на петте МХЕ и воведување на интегрирано управување со водите т.е. оптимизација на работните режими на хидроцентралите преку кои се испушта водата и регулација на нивото во каналот. На тој начин ќе се овозможи рационално искористување на водата и максимално производство на електрична енергија од испуштената вода од акумулацијата.
Проектот за ревитализација би содржел три дела:
А: Дијагностички испитувања на петте ХЕ на ХС Стрежево
Б: Испитување на перформансите на четирите ХЕ на ХС Стрежево (Без ХЕЦ ”Експлоатационен минимум)”
В: Студија за ревитализација на петте ХЕ на ХС Стрежево
Со реализација на системот за управување со работните режими на малите хидроцентрали, се очекува зголемување на производството на електрична енергија од истата вода за 5-10%.