Со цел успешно реализирање на плановите за проширување на скијачкиот центар Нижо Поле, ЈП "Стрежево"–Битола и ЈУ Националниот парк "Пелистер" склучија Меморандум за соработка.
ЈП "Стрежево" ќе пристапи кон изработка на проекти за патната и останатата комунална инфраструктура, а ЈУ Национален парк "Пелистер" ќе се вклучи во реализацијата на проекти во рамките на делокругот на нивните дејности.
Практично со ова започнува првата фаза од реализацијата на студијата што ЈП "Стрежево" ја презентираше во месец јуни за проширување на скијачкиот центар Нижо Поле кон врвот Муза.