Search горе

Најгоре десно контакт

ЈП Стрежево на Facebook YouTube канал на ЈП Стрежево  LinkedIn ЈП Стрежево images

Извештаи за геотехнички истражни работи на свлечишта

Со цел санација на појавените свлечишта на Главниот доводен канал и Собирниот канал изработени се Извештаи за геотехнички истражни работи и тоа за пет свлечишта на ГДК и за две свлечишта на Собирниот канал од страна на Градежен факултет-Скопје, кои се ревидирани од Градежен институт Македонија - Скопје.

Извештаите се неопходни за следната фаза – изработка на Основни проекти за санација на свлечиштата. После изработка на Основните проекти следат градежни работи за санација на посочените свлечишта со што се подигнува експлоатационата сигурност на каналите.

За жал свлечиштата на ГК и Собирниот канал се честа појава поради конфигурацијата на земјиштето на кое се изградени овие канали. Брзото интервенирање за санирање на овие свлечишта е неминовно бидејќи можат да доведат до проблеми во функционирањето на целиот систем.

Затоа ЈП "Стрежево" на изработката на документацијата и реализацијата на санацијата му дава највисок приоритет.

P1010027