Во насока на осовременување и усовршување на геодетската служба, а со тоа и за пошироките потреби на ЈП "Стрежево", во тек е набавка на современа геодетска опрема, GPS уреди, како и нов плотер.
GPS уредите ќе помогнат за осовременување, побрзо и поквалитетно мерење на сите подземни и надземни инсталации и објекти со кои располага системот Стрежево, за потребите на секторот за наплата, за идно проектирање и слично.
Набавката на плотерот се врши за копирање на планови на референтите за наплата, за евидентирање на културите во катастарските парцели. Исто така ќе послужи и за печатење на проекти за тековно опслужување на службите.
Во врска со претстојното геодетско снимање на подземните и надземните инфраструктурни објекти, како јавно претпријатие JP"Стрежево" има законска обврска до април наредната 2016 година, да сними и внеси во катастарска евиденција минимум 40% од вкупната инфраструктура, така што и набавката на геодетската опрема е во контекст и на оваа работа.