Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија се отвори можност за учество на домашниот пазар на ЈП "Стрежево", како производител на електрична енергија.
Со електро - енергетско искористување на расположливиот хидропотенцијал на хидросистемот "Стрежево" просечно годишно ќе се произведуваат околу 9.5 МWh електрична енергија.
За таа цел ЈП "Стрежево" поднесе барање до EVN Македонија за креирање на виртуелна мерна точка, за регистрирање на пазар на електрична енергија како нејзини производители од четири мали хидроцентрали: ХЕЦ "Стрежево", ХЕЦ "Биолошки минимум", ХЕЦ "Филтерница" и ХЕЦ "Довлеџик", како и барање до АД МЕПСО за регистрација за учесник на домашниот пазар како производители на електрична енергија од мали хидроцентрали.
Со учество на пазарот на електрична енергија ЈП "Стрежево" очекува зголемување на откупната цена на електричната енергија произведена од сопствените хидроелектрани.